Македонија
31. December 2025 - 12:25

Последени моменти од 2025 година

Последен ден од оваа година. Лошите работи ги оставаме во годината зад нас и заедно со убавите спомени и многу надеж влегуваме во новата 2026 година.

А таа веќе пристигна на пацифичката островска држава Кирибати во 11 часот по македонско време.

Последни во 2026-та ќе влезат Американска Самоа и островите Бејкер и Хауленд, што ќе се случи утре во 13 часот по македонско време

Ние до полноќ имаме уште нешто помалку од половина ден, а централната прослава ќе биде на градскито плоштад во Скопје.