Последна контрола за пред заминувањето за Ерменија
Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија денес ќе ја има последната контрола пред настапот на ЕП дивизија Б во Ерменија. Противник на младинската репрезентација (играчи до 20 години) ќе биде јуниорската селекција на Македонија, која пак се подготвува за настап на Европското првенство А дивизија за играчи до 18 години.
Избраниците на селекторот Горан Самарџиев досега во делот од подготовките одиграа два контролни натпревара со содветната селекција на Косово.
-Со оглед на тоа дека за неколку дена заминуваме за Ерменија, оваа проверка ќе ни биде добредојдена. За мојот колега Андреевски од јуниорскиот тим, ова ќе биде првата проверка, додека за нас, многу веројатно, последна во периодот на подготовките – изјави селекторот Самарџиев.
Македонија на ЕП Дивизија Б во Ереван, Ерменија ќе настапи во групата Ц, а во првата фаза противници ни се: Холандија (11.јули); Австрија (12.јули); Грузија (13.јули); Швајцарија (15.јули) и Данска (16.јули).
Натпреварот меѓу младинската репрезентација и јуниорската репрезентација на Македонија се игра денес во 17 часот во СРЦ „Кале“.
Ново на Сител
-
Втор ден комисиска расправа за ребалансот на Буџетот
-
120 нови дигитални услуги
-
Нов бран превентивни мерки на полицијата
-
Зголемен интерес кај струмичките земјоделци за владините мерки за поддршка
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор