Постепено се обновува воздушниот сообраќај во САД

Воздушниот сообраќај во САД постепено се обновува од најдолгото национално затворање во последните 25 години, што доведе до откажување на повеќе од 2.000 летови, а стотици други беа одложени, што предизвика верижна реакција низ целиот свет, објавија американските медиуми.
Претставници на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп изјавија дека новите технологии имплементирани во системот за контрола на воздушниот сообраќај во земјата ја преоптовариле застарената опрема и предизвикале прекини во комуникациските системи и празнини во радарската покриеност, што довело до прекин на сите летови повеќе од четири часа.
Трамп истакна дека големото нарушување на комуникациските системи што го парализираше американскиот воздушен сообраќај не е резултат на кибернапад.
Ефектите од прекинот ќе се чувствуваат уште неколку дена, а властите велат дека системот веројатно ќе се врати во нормална работа на време за да се справи со бранот патувања за Денот на благодарноста, на 26 ноември.
Федералната управа за воздухопловство на САД (ФАА) досега само двапати го затворила воздушниот простор на САД – по терористичките напади на 11 септември 2001 година и во февруари 2023 година, поради дефект на системот за известување на пилотите.
МИА
Ново на Сител
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
-

Вонредна ситуацијата во САД, прекинати сите полетување на авиони
-

Мицкоски на увид во градежни активности на проект за подобрување на водоснабдувањето во руралната населба Каменик во Кисела Вода
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски по повод 13 Ноември: Да изградиме Скопје што гордо ќе им го предадеме на идните генерации
-

ЕУ го договорија тимот за преговорите помеѓу Русија и Украина
-

Во Исар Марвинци откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање
-

15-годишник допирал по телото и со закани принудувал 11-годишно девојче да му праќа експлицитни фотографии
