Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно

Крајбрежната служба на Грција спровела спасувачка акција во морскиот дел во Неа Каликратија на Халкидики по пријава за исчезната 63-годишна капачка, македонска државјанка, која била пронајдена на копно и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што информираа од Крајбрежната служба на Грција, во попладневните часови вчера, крајбрежните власти на Солун и Неа Муданија биле известени од Единствениот центар за координација на истрага и спасување на Крајбрежната служба „за 63-годишна исчезната странска пливачка (државјанка на Република Северна Македонија), во морскиот регион кај Неа Каликратија“.
- Веднаш беше активиран локалниот план за итни случаи, при што во акцијата беа вклучени еден патролен брод на Крајбрежната служба и три приватни брода, а во потрагата на копно учествуваа и две патролни возила. Капачката беше пронајдена на копно, во областа на Неа Каликратија, во добра здравствена состојба и според нејзината изјава, не сакаше медицинска помош, соопштија од Крајбрежната служба на Грција.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова до католичките верници: Велигден да донесе мудрост и солидарност
-

Денеска е Цветници - Влегување на Исус Христос во Ерусалим
-

Трамп вели дека го спасиле вториот пилот на соборениот Ф-15 над Иран
-

Николоски, Ѓорѓиевски и Ивановски на увид во реализацијата на проектот „Градски воз“
-

Две трки денеска во Скопје – изменет сообраќај на повеќе локации
-

Римокатолиците го слават Велигден
-

Сончево и топло до 22 степена
-

Две лица приведени и запленети 65 килограми марихуана кај Градско
