Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар

Јавното претпријатие „Паркинзи на Oпштина Центар“ воведува нов модел на организација и користење на јавните паркиралишта, насочен кон поголема достапност на паркинг - просторот за жителите, подобра ефикасност во управувањето и унапредување на квалитетот на услугите, соопштија попладнево од Одделението за односи со јавност при јавното претпријатие.
-Со измените во новите подзаконски акти на ЈП „ПОЦ“, жителите на општина Центар и понатаму добиваат можност за користење на паркинг-простор под повластени услови во зоната на своето живеење. Со новиот модел, секоја станбена единица добива обезбедено, бесплатно паркирање за едно возило во својата зона, како гаранција за приоритет и достапност за жителите. Дополнително, се овозможуваат и проширени опции за користење на услугите на претпријатието за корисниците кои имаат потреба од тоа - се појаснува во соопштението.
Како што е истакнато, новите решенија овозможуваат појасна организација на паркинг-системот и подобра контрола и поефикасно користење на постојните капацитети, со што се создаваат услови за намалување на сообраќајниот притисок и поттикнување на поодржливи навики во движењето низ градот.
-Остварените средства од наплата на услугите ќе бидат ставени во функција на амбициозен инвестициски циклус, насочен кон модернизација на инфраструктурата, унапредување на техничките решенија, дигитализација и подобрување на услугите за граѓаните. Измените опфаќаат и усогласувања кај дел од услугите и надоместоците што се однесуваат на месечните паркинг-карти, комерцијалните услуги и услугите на пајак-службата, сè со цел одржување на квалитетот, ефикасноста и одржливоста на системот. Како дел од новините, ЈП „Паркинзи“ воведува и „Зона Х“ - хуманитарни паркинг-места, што ќе бидат јасно обележани и наменети за поддршка на ранливи категории граѓани. Средствата собрани од користењето на овие паркинг-места ќе се донираат за хуманитарни цели, во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија - се додава во соопштението.
Според директорот на јавното претпријатие, Душко Коцевски, со овие измени се воведува појасен и поправеден систем на користење на јавните паркиралишта, каде жителите го задржуваат приоритетот во секторот на живеење.
-Истовремено, создаваме основа за сериозен инвестициски циклус, модернизација на инфраструктурата и унапредување на услугите што секојдневно ги користат граѓаните. На овој начин поставуваме поодржлив модел што ќе овозможи подобро управување со паркинг-просторот и поквалитетна услуга на долг рок - се додава во неговата пишана изјава.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, смета дека ова е пример како едно јавно претпријатие може да креира решенија што се функционални, одржливи и во интерес на граѓаните
-Овие измени се во насока на појасно уредување на повластеното паркирање и поефикасно користење на јавниот паркинг-простор. Целта е жителите да имаат подобра достапност до паркинг во близина на своите домови, а системот да биде пофер, поодржлив и подготвен за понатамошни инвестиции и модернизација. ЈП „Паркинзи“ покажува дека со добар пристап може да се воведат ред, поголема достапност и нова вредност во користењето на јавниот простор, вклучително и преку хуманитарните иницијативи - истакнува Герасимовски во пишаната изјава.
Од јавното претпријатие потенцираа дека со овие измени се поставува основа за појасен, пофункционален и поодржлив систем на паркирање, усогласен со реалните потреби на граѓаните и урбаното живеење.
МИА
Ново на Сител
-

Полицаец во Куманово давајќи отпор при апсење со нож повредил колега
-

Две лица од струшко со пиштол ограбиле обложувалница
-

Симеоне: На чекор сме од уште едно финале
-

Повеќе паркинг - места и нова хуманитарна зона во општина Центар
-

Пожар на депонијата „Краста“ ставен под контрола – проблемот бара системско решение
-

Божиновска: Македонија во нова фаза на енергетската политика – на имплементација, резултати и одговорност
-

Поднесена кривична пријава против полициски службеник за сторено кривично дело „телесна повреда”
-

Условна осуда за тројцата полицајци од Кочани обвинети за неизвршување службена должност
