Повисоки критериуми за добивање субвенции и засилени контроли на корисниците, најави министерот Трипуновски

Зголемување на критериумите за добивање субвенции и засилени теренски контроли на корисниците на финансиска поддршка, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
Трипуновски, кој на брифинг со новинарите ги сублимира досегашните и следните активности на Министерството за земјоделство, објасни дека контролите нема никако да бидат тенденциозни, а ќе се спроведуваат зашто се вооочени корисници на субвенции кои воопшто не ги обработувале површините.
- Да се зголеми продукцијата на храна и субвенциите да имаат ефект, е целта на реформите во земјоделството што почнаа уште минатата година. Нелогично е да имаме милиони евра поддршка, а да бележиме пад на производството. Се покачуваат минималните критериуми за користење субвенции зашто сакаме да ги стимулираме вистинските, активни земјоделци. Кај нив треба да дојде поддршката, подвлече Трипуновски.
Осврнувајќи се на планираните промени кои допрва ќе се спроведуваат, министерот нагласи една од нив - дека со новата програма за поддршка нема да се субвенционира пченица ако не се користи сертифициран семенски материјал.
МИА
Ново на Сител
-

Возач на камион под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа со материјална штета кај Солун
-

Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
-

Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати
-

21-годишник објавил слики и видеа од возилата АРМ, кривична за нарушување воена безбедност и тајност
-

Напаѓачот што уби девет луѓе во југоисточна Турција дејствувал сам
-

Во Сараево евакуирани два трговски центра поради дојава за поставени бомби
-

МВР демантира: Има доволно обрасци за возачки дозволи за наредните три години
-

Чеферин во Скопје: УЕФА со силна поддршка за македонскиот фудбал
