Повредени 12 лица во Атина откако паркиран џип почнал да се движи и удрил во ресторан
Полесно повредени се 12 лица, откако доцна синоќа паркиран џип на нагорнина, веројатно затоа што не била подигната рачната сопирачка, почнал да се движи и удрил во летната тераса на ресторан полн со гости во центарот на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.
Според информациите, инцидентот се случил кусо пред 1 часот по полноќ во моменти кога во ресторанот имало околу 30-ина гости, а сопственикот на џипот пристигнал пред ресторанот и побарал од лицето задолжено за паркирање на возилата да го паркира и кој веројатно не ја подигнал рачната сопирачка.
Џипот бил паркиран на нагорнина, во непосредна близина на ресторанот и почнал неконтролирано да се движи во рикверц со резултат полесно да бидат повредени 12 лица, кои веднаш биле пренесени во болница.
Ново на Сител
-
Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас
-
Една од најславните епопеи: Битката на Ножот - 118 години
-
Во градинките и центрите за ран детски развој лани биле згрижени 37 871 дете
-
ЦУК: Активни пет, изгаснати 19 пожари
-
Биткоинот за првпат во историјата над 120.000 долари
-
Продолжува амандманската расправа за ребaлансот на Буџетот
-
Трамп: САД ќе испратат контингент ракети „Патриот“ во Украина
-
Макрон пред Денот на Бастилја: Слободата никогаш не била толку загрозена како сега