Повредените со изгореници во „Пулс“ се лекуваат ласерски
Изгорениците кај шеесетина повредени од пожарот во „Пулс“се третираат на клиниката за дерматологија.. Третманот на лузни се спроведува ласерски, сите пациенти го минале вториот циклус на лекување, кој како што велат лекарите, тој зависи и од хирушките третмани на кои се подложни повредените..
„На нашата клиника веќе од ноември се одвива третманот на лузни од изгореници со користење на ПДЛ ласерот и досега над 65 пациенти го завршија вториот циклус и го почнуваат третиот циклус со оваа тераписка метода.. Овој метод започнува откако ќе завршат хирушките третамни и затоа ние сме последни во тој ланец на лекување на овие пациенти“, изјави Проф. Катерина Дамевска, Дир на УК за дерматологија.
Ласерскиот третман на изгорениците според докторите може да потрае и во следните пет години.. Минатата недела на заеднички состанок со американски лекари било заклучено дека примената на ласерско лекување, може да го намали и бројот на хирушки операции кај пациентите..
„Во соработка со министерството за здравство имавме колеги од САД од повеќе специјалности и дел од нив кои работат во центри за изгореници ги консултиравме и нивната препорака беше дека кај некои од нив може да се оди и до осум циклуси на ласер терапија пред да се одлучиме за хирушки третман бидејќи од нивно искуство, голем дел од тие лузни реагираат добро на ласер терапијата и понатамошни хирушки интервенции би се намалила“, изјави Катерина Мирчевска, В.Д Директор на општа болница Кочани.
Изгорениците кои ги имаат повредниете во Пулс, влијае и врз менталното здравје, велат лекарите.. Промените на надворешниот изглед, кај една третина предизвикуваат депресија, велат од клиниката за психијатрија..
„Последиците на психолошки план се токму сега, односно кога завршуваат хоспоталните третмани, а тоа се најчесто шест месеци, една година после самите такви трагедии. Ние направивме наше истражување и резултатите се поразителни и не се разликуваат од оние во светот, кај една третина од испитаниците се бележи раст на анксиозноста, раст на депресијата и посттрауматско нарушување“, изјави Славица Арсова, Директор на клиника за психајтарија..
Третманот на изгорениците кај повредените од Пулс, беше тема на дводневната научната конференција на клиниката за дерматолгија која се одржува во Скопје.. Во кочанската трагедија, беа повредени над 200 лица, најголем дел од нив заработија изгореници..
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
