Повредените во пукањето во Тетово се борат за живот
Двајца се борат за живот, четворица притворени а по еден полицијата трага – ова е епилогот од синоќешната вооружена престрелка пред ургентниот центар во кругот на тетовската болница. Повредените браќа од село Гајре се на КАРИЛ, едниот има прострелни рани во граден кош и стомак и според лекарите и двајцата се во критична состојба.
- Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23 часот и 10 минути во Тетово ги уапсиле Р.Т.(35) и М.Т.(44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка Ш.Е. и Н.М.(39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното (11 јануари) пукање со огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница.
Пукањето се случило околу 18 часот, и притоа со тешки телесни повреди (прострелни рани) се здобиле А.М.(41) и З.М.(36) од тетовското село Гајре, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Тоа што вооружениот инцидент се случил во кругот на болницата не е поврзано со здравството, туку лични нерасчистени проблеми, вели министерот Фатмир Меџити.
- Според информациите од директорот на болицата во Тетово, едниот е во потешка состојба, а другиот во полесна состојба. Тие се на Карил, на одделот за анестезија и реанимација. Останатото ќе го расчистат МВР и Обвинителството, вели Фатмир Меџити министер за здравство
Кој пукал, дали само еден од приведените користел оружје или повеќемина и што е мотивот за престрелката ќе биде познато по расветлување на случајот.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар