-->
-->
Пожар во депонијата „Дрисла“, Ангелов вели дека не е алармантен
-->
Голем пожар попладнево избувнал во депонијата Дрисла, извести Стојанче Ангелов, директор на Дирекција за заштита и спасување.
Тој изјави дека пожарот не е опасен и дека ситуацијата не е алармантна.
-Не е алармантен. Бригадата за противпожарна заштита на Скопје работи на негово гаснење. Гасењето пожар на било која депонија е сложен процес поради хемиските и биолошките процеси кои се одвиваат во внатрешноста на депонијата како резултат на кои се создаваат запалливи гасови, посочи Ангелов.
МИА
-->
-->
-->