Пратениците во контрола на АНБ
Собраниската комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање денеска одлучи пратениците веднаш по седницата, денеска на пладне да ја посетат Агенцијата за национална безбедност а утре и Агенцијата за разузнавање.
Седницата на Комисијата беше свикана на предлог на пратеникот Љупчо Пренџов откако во јавноста излезе информација дека АНБ во периодот од 2019 до 2024 година го прислушувала премиерот Христијан Мицкоски, тогашен опозициски лидер, новинари и бизнисмени.
Директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски во изјава за медиумите рече дека целата документација е испратена во Обвинителството, а премиерот Христијан Мицкоски неколкупати досега изјавуваше дека очекува Обвинителството да постапи.
Некоја сериозна дебата на седницата немаше.