Македонија
1. July 2025 - 16:34

Пожар во Кочани, изгореа 3 автобуси и комбе

На плац во населбата Оризари, во непосредна близина на бензинска пумпа изгореа три автобуси и едно комбе кои биле во сопственост на приватна фирма. Нема официјални информации за причините кои довеле до пожарот, ниту за висината на материјалната штета.  Брзата интервенција на кочанската противпожарна служба спречила пламените јазици да се рашират и предизвикат посериозни последици.

Пожарот се случил ноќеска. Во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма. Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Кочани. Повредени лица нема.-информираат од СВР-Штип.

По извршениот увид ќе се знаат и причините за пожарот. Неофицијално се шпеулра дека пожарот е подметнат, а во борбата со пламените јазици пожарникарите успеале да спасат само еден од четирите автобуси кои биле паркирани на плацот.