Пожар во складиште за гориво во рускиот град Сочи по украински напад
Пожар избувна во складиште за гориво во рускиот град Сочи на Црното Море по напад со украински дрон, информира денеска гувернерот на Краснодарската територија Венијамин Кондратиев на Телеграм.
Пожарот започна од запален танкер. Кондратиев додаде дека повеќе од 120 пожарникари се мобилизирани за да го изгаснат пламенот.
Регионалниот гувернер напиша дека целта била во областа Адлер во Сочи, каде што минатиот месец загина жена во украински напад со дрон.
Танкерот имал капацитет од 2.000 кубни метри, соопштија локалните службеници на службите за итни случаи, цитирани од руските медиуми.
Во исто време, руската агенција за цивилно воздухопловство, Росавијација, објави на Телеграм дека летовите до и од градскиот аеродром се откажани од безбедносни причини.
Претходно, градоначалникот на Сочи, Андреј Прошунин, објави воздушна тревога.
-Внимание! Постои закана од дронови на територијата на градот Сочи, напиша Прошунин на Телеграм.
МИА
Ново на Сител
-
Приведен жител од скопско кој силувал деветгодишно девојче
-
Осуденик за „убиство“ усмртил осуденик за „семејно насилство“ при тепачка во психијатриската болница во Бардовци
-
69-годишник тешко повреден откако бил прегазен со мотоцикл во Тетово
-
Русија ги обвини САД за нелегален трговски притисок врз Индија
-
Возач од Македонски Брод возел со 2,39 промили алкохол во крвта
-
Нестабилно со дожд и грмежи, следните три дена пораст на дневната температура
-
Спречен шверц на цигари во вредност од скоро 4.000 евра - пет лица добиле кривични пријави | ФОТО
-
Нејмар подготвен за враќање ви репрезентацијата на Бразил