Македонија
5. August 2025 - 13:06

Возач од Македонски Брпд возел со 2,39 промили алкохол во крвта

Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 11:35 часот го привеле 54-годишниот В.С. од Македонски Брод, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол.

Возилото Југо“ со прилепски регистарски ознаки било запрено кај локална патна контрола, а по извршен алкотест, кај возачот биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.

Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.