Пожарникари се борат со голем шумски пожар на хрватскиот остров Брач

Голем шумски пожар избувна ноќеска на хрватскиот остров Брач, а противпожарните сили и денеска се борат со огнената стихија, јави Хрватската радиотелевизија (ХРТ).
Околу полноќ, пожарникарите добиле пријава за пожар во густа борова шума кај селото Ново Село. На терен се распоредени 43 пожарникари со 15 противпожарни возила, а утрово во гаснењето се вклучи и авион „Канадер“.
Досега изгореле околу седум хектари борова шума и ниска вегетација. Силен ветер го шири огнот и ги отежнува напорите на пожарникарите.
– Ситуацијата е задоволителна, иако сè уште не можеме да потврдиме целосна контрола, бидејќи продолжува да дува ветер, а теренот е тешко пристапен, особено на северната страна. Се надеваме дека времето ќе биде на страната на пожарникарите и дека наскоро ќе го ставиме пожарот под контрола, изјави претседателот на Доброволното противпожарно друштво на Брач, Тино Штамбук.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
-

Стартуваа камерите Безбеден град
-

Алиу - реновираните сали на хируршките клиники ќе проработат на почетокот на јули
