Македонија
20. May 2025 - 19:52
Пожарникарите бараат измени во законот
Пожарникарите бараат измени во законот за пожарникарство односно воведување на старосна граница при вработувањето максимум до 26 години. Во текот на изминатиот период се вработувале лица од 40, па дури и 60 години што влијаело на севкупната ефикасност во работењето.
Охридската противпожарна единица брои 39 пожарникари иако бројчано не ги задоволуваата капацитетите сепак со формирањето на здружението Ентузијаст кое брои 25 волонтери обучени за пожари се справуваат со предизвиците.
Нивните услови за работа не се најсоодветни за модерното време, но наоѓаат начин најпрофесионално да одговорат на повиците за помош, притоа ризикувајќи ги своите животи за да ги спасат животите на другите граѓани, материјалните добра и природата.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->