Пожарот кај Пробиштип сè уште активен, сите сили насочени кон Ратавица

Се уште е активен пожарот во пробиштипскиот регион. Во моментов сите сили на противпожарните служби и на доброволците од доброволните противпожарни служби се насочени помеѓу Пробиштип и село Ратавица, каде изгорена е голема површина од сува трева и нискостеблеста вегетација.
Златко Илиев, од доброволното противпожарно друштво Кочани вели дека три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница. Забележува дека пожарот е делумно ставен под контрола, а во моментов се направија пресеци со градежна механизација, за пресретнување на пожарот и спречување негово ширење кон селото Ратавица. Во гаснење на пожарот помага и локалното население.

Според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов на терен се три „Ер трактори“ на ДЗС.
Пожарот избувна попладнево во пробиштипското село Бучиште, каде изгоре една, а опожарени беа три куќи. Подоцна, пожарот продолжи кон селата Неокази и селото Ратавица, каде што, во моментов во тек е акција за негово ставање под контрола.
МИА
Ново на Сител
-

Се запали гнездо во Росоман, спасени мајката и трите штркчиња
-

Бројот на починати од ебола во ДР Конго надмина 400
-

Мицкоски: Порано пензиите се зголемуваа по 20 денари, а сега обезбедивме по 7.000 денари
-

Тошковски за случајот на врсничко насилство во Скопје: Кривични пријави за насилство за децата и нивните родители
-

Захарова: Никогаш во историјата Русија не го прекинала гасот за Европа
-

39-годишен затвореник пренесен во болница во Штип, го силувал 59-годишник осуденик
-

Најчести грешки на патниците при летање со авион
-

Мицкоски: СДСМ и Левицата нека ги повлечат амандманите за Изборниот законик, ги поднесоа за да го спречат гласањето во дијаспората
