Пожарот на планината Плачковица се гаси од воздух
Пожарот на планината Плачковица во атарот на селото Јонузлија во Општина Карбинци се гаси со помош на хеликоптер. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов за МИА вели дека пожарот е пријавен утринава и е на непристапен терен, затоа во гаснењето на огнот имаат помош и од воздух.
- Хеликоптерот веќе го гаси огнот, веќе направи и два прелета и сметаме дека со уште еден прелет ќе го локализираме. Овде има екипа на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип со две возила. Теренот е непристапен и затоа од воздух се гаси. Мислам дека за кратко време ќе го локализираме. Во моментов е од мал обем, вели Паунов.
Тој додаде дека на терен се околу 20 ожарникари, вработени во ЈП „Национални шуми“, доброволци од месното население, кои со метли и пумпи можат да го гаснат огнот, а теренски возила не можат да пристигнат до него. Гори висока трева и нискостеблести растенија. Паунов посочи дека надлежните институции веќе имаат индиции дека пожарот е подметнат, а за што веќе се и истражува.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Трајковски, Асоцијација на специјализанти и млади лекари
-
Грета Тунберг на протест за Дошница
-
Преглед на вестите од светот
-
Цела недела топлотен бран – од утре мало разладување
-
Спречен обид за подметнување пожар на Водно, гори на шест локации во Македонија
-
62 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-
Иницијативата за протоколот со Бугарија пред уставните судии по летните одмори
-
Османи: Автономијата во одлучувањето е духот на Охридскиот договор