Познатата водителка Керолин Флек почина на 40 години

Водителката на познатото американско реално шоу „Љубовен остров“ (Love Island), Керолин Флек почина на 40 години. Последните податоци говорат дека се работи за самоубиство.
Сите на „Љубовен остров“ и продукциската куќа Ај-Ти-Ви се шокирани и тажни од оваа очајно тажна вест. Керолин беше многу сакана членка на тимот на реалното шоу и нашите искрени мисли и сочувство се со нејзиното семејство и пријателите “, изјави претставникот на Ај-Ти-Ви.
Саботната вечерна епизода на „Љубовен остров“, што се емитува секојдневно, се повлекува во чест на смртта на Флек.
Британската ѕвезда ја започна својата кариера како глумица во ТВ-шоуто од 2002 година – „Бо Селета!”, а потоа продолжи во медиумската мрежа на Ај-Ти-Ви, како водителка на емисии како „Јас сум славна личност… Извлечи ме оттука!“, „Факторот Екстра“, „Минута за да освоиш“ и „Вирален допир“. Во 2014 година, таа победи во 12-та сезона на британското шоу за танц „Дојди да танцуваш“ со танц-партнерот Паша Ковалев.
„Љубовен остров“ таа почна го води 2015 година. Пред извесно време таа доби обвинение за физички напад врз Луис Бартон, поради што се повлече од шоуто. Следното рочиште во случајот беше закажано за почетокот на март.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте, во моментов на највисоко ниво од 2022
-

Маж со чекан повредил пет лица во Токио, тројца од нив полицајци
-

Трамп размислува за намалување на американскиот воен контенгент во Германија
-

Симеоне: Во полуфинале на ЛШ за да се досуди пенал потребна е чиста ситуација
-

Австралиската полиција била предупредена на можен антисемитски напад пред инцидентот на плажата Бонди
-

Атлетико и Арсенал одиграа без победник во Мадрид
-

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања
-

Облачно со врнежи од дожд, на планините од снег
