Loading Video...
Фудбал
4. March 2022 - 10:57

Познати двојките за четвртфиналето во ФА Купот

Евертон  ja оправда фаворитската улога во дуелот со екипата на Бореам Вуд која настапува во петата по квалитет англиска лига и со 2-0 забележа победа во претпоследниот натпревар од осминафиналната рунда во ФА купот. 
 
Пред одигрувањето на овој натпревар беа извлечени и двојките за четвртфиналето за кое останува уште едно празно место, а за кое во понедленик ќе се борат фудбалерите на Нотингем Форест - Хадерсфилд Таун .
 
Победникот од овој меч во четвртфиналето ќе биде домаќин на Ливерпул. 
 
Останатите четвртфинални парови се: Кристал Палас – Евертон, Мидлсборо – Челзи и Саутемптон – Нотингем Форест. 
 
Четвртиналната рунда на програмата е на 19 и 20 март