Loading Video...
Фудбал
15. April 2022 - 10:39

Познати полуфиналистите во Лига Европа

Познати се ученсиците во полуфиналето на фудбалската Лига на Европа. Шкотскиот Глазгов Ренџерс, германските Лајпциг и Ајнтрахт Франкфурт, како и англискиот Вест Хем се четирите екипи кои ќе играат во полуфиналето на ова натпреварување. 
 
Најнеизвесниот реванш натпревар од четвртфиналната рунда го одиграа Глазгов Ренџерс и Брага, а победникот беше решен во продолжението. 
 
Иако тимот на Глазгов беше единствениот кој во реванш дуелот од влезе со негатива (0-1), сепак шкотскиот претставник се избори за полуфиналето. А, до него „ренџерси“ стигнаа со победата од 3-1 остварена дури во продолжението, откако резултатот по регуларните 90-минути беше 2-1. Голот за пласман меѓу четирите најдобри го постигна Јамајканецот, Рофе во 101-минута.
 
Голема битка се водеше и на „Камп Ноу“ каде Барселона и Ајнтрахт стартуваа со 1-1 по мечот во Германија.
 
Со двата погодоци на Србинот, Костиќ и евроголот на Колумбиецот, Боре екипата на Ајнтрахт со 3-2 ја победи Барселона и го елиминира шпанскиот фаворит. 
 
Победа на гости забележа и втората германска екипа. Лајпциг славеше со 2-0 кај Аталанта и со конечни 3-1 се пласира во полуфиналето, во кое ќе игра и Вест Хем кој ја оствари најубедливата победа во реванш дуелите совладувајќи го Олимпик Лион на гостински терен со 3-0. 
 
Така во закажано за 28 април ќе играат Лајпциг и Г. Ренџерс додека Вест Хем во првиот дуел ќе биде домаќин на Ајнтрахт.
 
Реванш дуелите ќе се играат на 5 мај по што ќе ги дознаеме и двете екипи кои на 18 мај во Севилја во финалето ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа.