Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
Пропадна обидот на Собранието по скратена постапка да се донесат измени на изборниот законик, со кој се утврдуваше минимален праг за учество на независни кандидати за градоначалници и советници. 67 пратеници гласаа за и 18 против , но тоа не беше доволно за изментите да поминат, бидејќи не беше обезбедено бадинтерово мнозинство.
Со измените кои ги поднесе владејачкото мнозинство, предвидено беше минималниот праг за собирање потписи да биде 0.95 отсто, но со амандманот на Левица кој го прифатоја сите освен ДУИ, прагот требаше за да биде 0.50 отсто.
За владејачката коалиција важен е успешен изборен процес , а не висината на процентот. За СДСМ ова е начин да се избегне правниот вакум по одлуката на Уставниот суд. Дуи обвинува дека ваквите одлуки се самоволие на власта, бидејќи не е постигнат политички консензус.
Отакако пропадна обидот за измени во Собрание, топката се префрла во ДИК, од каде најавија најдоцна до утре на седница да се донесе ново Упатство, повикувајќи се на чл. 60 од ИЗ , со кое треба да се потврди учеството на независните кандидати за градоначалници и советници без да се собираат потписи.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар