ПРАВДА ЗА ЛЕЈЛА
Извонредна адаптација на успешната приказна која насолзи милиони очи и ги освои рејтинг листите ширум светот. Приказната за младата Лејла, со чија судбина ќе сочувствуваме и чија борба за правда ќе ја следиме со големо внимание.
Таа беше девојче со смеа и желби како сите други. Но, растена без мајка и во безгрижна средина заедно со својот татко. Сè до моментот кога нејзиниот татко ќе почине, а злобната маќеа ќе ја исфрли на ѓубриште, сама и без кров над главата. За Лејла, траумите од детството нема да може да се заборават така лесно, а животот под ведрото небо ќе ѝ создаде рани кои тешко ќе се излечат.
Години подоцна, оваа девојка е решена да се одмазди на маќеата и да ѝ наплати за украденото детство. Под името Ела, таа се вработува како готвачка во богатата вила на Нур, која е сега мажена со бившата фудбалска ѕвезда Туфо и го имаат посвоено синот Џиван. Џиван е всушност Џино, најдобриот пријател на Лејла од детството со кој животот повторно ја спојува. Станувајќи дел од нивниот свет и дел од нивната куќа, Лејла започнува внимателно подготвен план за одмазда, решена конечно да ја натера Нур да плати за сè што ѝ направила.
Додека Лејла се наоѓа меѓу желбата за одмазда и повторно разбудените чувства кон Џиван, на површина излегуваат мрачните семејни тајни кои се закануваат да променат сè. Низ мрежа од лаги, тајни и скриени интереси, нејзината борба станува симбол на отпорот, но истовремено го поставува и прашањето: до каде сме подготвени да одиме за да го вратиме она што ни било одземено? Доаѓа време за оваа девојка да ги земе работите во свои раце. Време за одмазда и правда без милост, каде секој погрешен чекор се заканува дека ќе го открие нејзиниот идентитет и да го оживее минатото.
Ново на Сител
-

До 18:30 регистрирани 17 пожари на отворен простор, седум активни и три под контрола
-

Меси стави крај на репрезентативната кариера
-

Трамп: Иран е пропадната држава која си ги убива своите граѓани
-

Од утре почнува да сообраќа „Градскиот воз“ на релацијата Зелениково-Скопје
-

29-години од смртта на принцезата Дијана
-

Возачот на ЈСП кој спречи пожарот од автобусот да се прошири во парк-шумата Водно ќе биде награден
-

Три бесплатни концерти за четири дена во Скопје, финалето со Дејвид Гета за 35 години независност
-

Родители во Ресен со дрвен предмет ја тепале својата 15-годишна ќерка
