Македонија
7. January 2026 - 16:30

Православните христијани го празнуваат Божиќ

Христовото раѓање, еден од најголемите празници во православието, денеска ги преплави храмовите со верници. На божиќната литургија присуствуваа стотици верници. Таква беше сликата и во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје. Оние кои се придржувале до божиќниот пост се причестуваа, други запалија свеќа и се помолија за здравје.

Живееме во свет на неправди, но да не дозволиме тоа да стане прифатливо, испрати порака и поглаварот на МПЦ-ОА г.г.Стефан во божиќното послание.

Дечиња од најмала возраст и оние повозрасните посакаа здравје,мир и среќа. Божиќ ќе го поминат велат онака како што доликува, со семејството и најблиските.

Пораки за здравје,мир и стабилност во државата во време на многу предизвици, испратија и претседателката на државата, премиерот и лидерот на СДСМ.

Кај и да си пред Божиќ и за Божиќ дома да си, за некој домот е каде се најблиските, за некој родното место, па денеска сите заедно го слават Христовото раѓање.

Денеска заврши и 40 дневниот божиќен пост, па на трпезата се служи мрсна храна во кругот на семејството, пријателите и блиските.