Македонија
11. April 2026 - 19:47

Православните христијани во исчекување на Христовото Воскресение

Православните христијани денеска ја одбележуваат Велика сабота - денот на тишината и исчекувањето пред најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение.

Верниците го поминуваат денот во молитва и подготовка за полноќната богослужба кога ќе биде објавена радосната вест за Велигден.

Во Ерусалим, во црквата на светиот гроб, веќе слезе благодатниот оган- симбол на Христовото Воскресение и вечната светлина.

Огнот потоа се пренесува во повеќе православни земји, каде верниците го примаат како благослов во пресрет на Велигден.

Камбаните ќе се огласат на полноќ, кога со поздравот Христос воскресна ќе започне прославата на празникот, кој верниците го дочекуваат во храмовите и во кругот на семејството.