Пред 37 години беше урнат Берлинскиот ѕид, симбол на поделбата на Европа и Студената војна

Еден од клучните симболи на таканаречената Студена војна и поделбата на Европа, Берлинскиот ѕид, беше пробиен на 9 ноември 1989 година, што беше претходница и на обединувањето на Германија во октомври 1990 година.
За време на постоењето на Берлинскиот ѕид, кој го делеше градот од 1961 година, познато е дека 138 загинале обидувајќи се да избегаат во западниот дел.
Советската зона беше трансформирана во Германска Демократска Република, позната како Источна Германија, а британската, американската и француската зона ја формираа Сојузна Република Германија. Градот Берлин беше поделен на сличен начин.
По падот на Берлинскиот ѕид во ноември 1989 година, во октомври 1990 година следеше таканареченото „повторно обединување“, како што официјално се нарекува во Германија. Всушност, тоа беше едноставно припојување на поранешната ГДР кон Сојузна Република Германија.
Изградбата на Берлинскиот ѕид започна во август 1961 година. Ѕидот, со вкупна должина од 155 километри, требаше физички да го одвои источниот дел од градот, советската зона на Берлин, од западниот дел.
Клучната цел беше да се спречи населението да премине, или да избега од советската зона. Се верува дека до 1961 година, околу 3,5 милиони граѓани преминале од Источна Германија во Западна Германија.
МИА
Ново на Сител
-

Аркин Јахији ја презеде функцијата градоначалник на Општина Брвеница
-

Мицкоски: Правосудниот систем мора да биде по принципот на франка лингва, а тоа е македонскиот јазик
-

Мицкоски: Како редовен универзитетски професор, јас сум им пријател на студентите
-

Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ во Битола, Тетово и Струмица, исплатата се одвива непречено
-

Големо поевтинување на горивата од полноќ - ова се новите цени
-

Маѓар: Приведен е братот на Виктор Орбан како осомничен за трговија со луѓе
-

По 10 години врска ја оставил – сега бара да ѝ плати 340.000 долари затоа што ѝ ги потрошил најдобрите години од животот
-

Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се малку веројатни нови напади врз Иран
