Пред пратениците предлогот за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика

Собранието денеска на 97. седница треба да одлучува за именување нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за која функција предлог-кандидат е Ацо Ристов на местото на поранешниот Марко Бислимоски, како и за предлогот за именување на Ана Митреска и Игор Величковски за вицегувернери на Народната банка.
-Ацо Ристов е дипломиран електроинженер со долгогодишно работно и проектно искуство во секторите енергетика, хидроенергија, водоснабдување, третман на води, рударство и инфраструктурни системи. Искусен менаџер со докажана експертиза во управување со комплексни градежни, енергетски и индустриски проекти, вклучително хидроелектрани, електроенергетски системи, пречистителни станици, пумпни системи и индустриска инфраструктура. Поседува силни компетенции во проектен менаџмент, техничка координација, надзор и стратешко планирање. Ристов е член на Комора на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија со овластување А за проектирање, надзор и изведба на објекти од прва категорија, наведува Комисјата за прашања на изборите и именувањата во предлог-одлуката што ја усвои на 17. минатиот месец.
На дневен ред на седицата се и Предлог законот за Советот на јавните обвинители, Предлог законот за изменување на Законот за здравственото осигурување, во прво читање, Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта, Предлог на закон за изменување на Законот за акцизите, сите по скратена постапка.
Пратенциите треба да распрваат и за Годишниот извештај за работата на Оперативно-техничката агенција за 2025 година, Предлог програмата за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година, Предлог - финансискиот план за 2026 година на РКЕ, Предлогот за избор на судија на Уставниот суд.
Исто така и за предлог одлуките за утврдување на процентот на зафаќање од вкупниот годишен приход за финансирање на работењето на РКЕ за 2026 година, за објавување на јавен оглас за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, за именување на директор на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, за објавување јавен оглас за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца.
Дел од дневниот ред се и Дополнетиот предлог на закон за Jавното обвинителство, во второ читање, предлог законите за изменување и дополнување на Законот за одбрана, на Законот за средно полициско училиште, на Законот за основното образование, на Законот за образование на возрасните, на Законот за стручно образование и обука, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, како и Предлог законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, сите по скратена постапка.
Пратениците, на продолжение на 90-та седница треба да расправаат и за Предлог законот за изменување на Законот за гранична контрола, во прво читање.
МИА
Ново на Сител
-

Белата куќа демантира дека постои меморандум за разбирање со Иран за завршување на војната
-

Влада: Отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за нашата европска ориентација
-

Времето утре нестабилно со пороен дожд
-

Иран соопшти дека нацрт-договорот со САД ќе ја обнови пловидбата низ Ормуската Теснина и ќе ѝ стави крај на поморската блокада
-

Одбележување на матурската и полуматурската прослава на штитениците од ЈУ Детски дом за деца без родители и родителска грижа
-

Од денеска со дозвола од „Б“ категорија може да се возат мотоцикли до 125 м3
-

Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола
-

Најевтините 10 и најскапите 10 градови во Европа за туристите
