Пред примирјето, израелската армија го уништи тунелот на Хамас под болницата Ал-Шифа

Пред да стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа утринава, израелската армија го уништи тунелот на палестинската исламска организација што го откри под болницата Ал-Шифа во градот Газа и го заврши распоредувањето на линиите за прекин на огнот.
ИД (Израелските одбранбени сили) соопштија дека до седум часот утринава, кога започна примирјето, напаѓале цели на Хамас низ појасот Газа и инфраструктурата на таа организација, која Израел, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка, и дека се судриле со оперативци.
Израелската армија фрли летоци со кои ги предупредува жителите на северот на Газа да не се враќаат во областа бидејќи таа и понатаму е воена зона и покрај прекинот на огнот.
Палестинските власти ги повикаа раселените Палестинци да се вратат, јавуваат израелските медиуми. Воениот портпарол Авихај Адраи објави изјава на арапски дека војната не е завршена.
Според ОН, израелското бомбардирање ја уништи палестинската територија и предизвика хуманитарна криза.
Околу 1,7 милиони од вкупното население на Газа од 2,4 милиони се раселени, а хуманитарната помош е оскудна.
Врз основа на договорот за прекин на огнот, ќе биде дозволен влез на поголем број хуманитарни конвои, вклучително и гориво, соопшти Катар, кој посредуваше во договорот.
Агенциите за помош, меѓутоа, оценуваат дека тоа не е доволно и повикуваат на вистински прекин на огнот.
Ново на Сител
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
-

43-годишник од с.Шишево пукал во соселанец и го ранил во пределот на главата
-

НАТО разгледува нова воено-финансиска помош за Украина од 70 милијарди евра
-

Мицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме со реформите и да испорачуваме врз основа на заслуги
-

Мицкоски: Градежништвото е еден од најголемите контрибутори во растот на БДП
