Loading Video...
Свет
10. јуни 2026 - 19:51

Преглед на вестите од светот

Соединетите Држави извршија воздушни напади врз десетици воени и надзорни објекти во Иран рано утрово, а Техеран одговори за кратко време со ракети и дронови кон американски воени бази во Кувајт, Јордан и Бахреин. Исламската револуционерна гарда тври дека нападите предизвикале голема штета на американските бази иако Пентагон сè уште не ги потврдил овие тврдења.

Американската централна команда извести дека погодиле системи за воздушна одбрана, станица за контрола на копнените зони и радарски локации за надзор. Воената ескалација следеше по соборувањето на американски воен хеликоптер Апачи во близина на Ормутскиот Тесенц во понеделникот а за инциндетот Трамп синоќа го обвини Техеран и нареди одговор.

Американскиот претседател тврди дека ирански дрон удрил во хеликоптерот додека патролирал во Ормутскиот теснец. Двајцата членови на екипажот преживеале. Неименуван американски функционер за СИБИЕС њуз изјави дека не е јасно дали иранското бесиплотно летало намерно нападнало. Иран не ја презеде одговорноста за уривањето на леталото.

Најновата ескалација ги доевдува во опасност мировни преговори и кревкото примирје. Иранското министесртвото за надворешни работи објави дека Иран размуслува дали ќе ги предоложи преговорите со САД додека шефот на Белата куќа во објава на Х напиша дека на Техеран му требало предолго време да преговара за договор и сега ќе „мора да ја плати цената“.

Бугарија повеќе нема да испраќа воена помош за Украина одлучи новата бугарска влада под водство на Радев.

-Веќе дадовме доволно, а нашата земја продолжува да трпи социо-економски штети од оваа крвава војна. Решението на конфликтот нема да се постигне со воени средства, изајви премиерот Радев.

Бугарија обезбедила 13 пакети воени помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година.

Протести во кенискиот град Нанјуки, поради плановите на американската админситрација за отворање на центар за карантин и лекување на ебола во близина на воената база на САД. Десетици демонстранти се уапсени по судирите со кениската полиција. Планот на Вашингтон предвидува американските државјани изложени на ебола за време на нивниот престој во Конго и Уганда да се лекуваат во новиот центар во Кенија.

-Денес сме тука за да го отфрлиме воспоставувањето на карантинскиот центар во воздухопловната база Лаикипија, со оглед на тоа што ние, како заедница, не бевме консултирани пред  да се донесе одлуката за воспоставување на карантинскиот објект. Не сакаме центар за ебола тука. Се плашиме, изајви Дерик Маинги.

Инаку Кенија досега никогаш нема регистран потврден случај на вирусот ебола.