Македонија
12. September 2025 - 16:34

Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции

Филипче инсистира на деквалификација на документите од АНБ и разузнавање, Мицкоски вика не сум јас тој што тоа го прави - обвнителството мора да го расчисти случајот. Лидерските пораки за тоа кој кого следел од 2019 до 2024 и дали било оправдано или од политички интерес се најдоа и на опозциските пратенички прашања. 

Мицкоски доби провокација - зошто го користи старото државно име кога тоа не е уставно од Скендер Реџепи Зејд, кој преку коалицијата на ДУИ сега е и кандадат за градоначланик на Скопје. Премиерот му возврати дека провоцира предизборно, но тоа нема да му донесе гласови. 

Не изостана и веќе традиционалнотот покажување на слики и вадење на документи меѓу Апасиев и Мицкоски. Лидерот на Левица се обиде со фотографии да покаже дека челниците на ВМРО-ДПМНЕ го знаеле сопственикот на агенцијата за обезедување во кочанската дискотека. Премиерот му извади пак, редовни трансакции од сметката на Левица што Апасиев ги правел кон него и сопартиецот Мециновиќ.

Иако постои политички договор собраниската говорница да не биде дел од предизборниот декор, последните пратенички прашања поминаа во духот на кандидатурите и кампањата за локалните избори.