Предупредување до сопствениците на „Андроид“ за апликациите што преземаат чувствителни податоци

Стручњаците за кибербезбедност во Велика Британија издадоа итно предупредување до сопствениците на „Андроид“ (Android) за апликациите коишто „ги шпионираат“ своите корисници.
Во нова истрага на британската компанија за безбеден избор и потрошувачка – „Вич“ (Which?) и компанијата за интернет-безбедност „Хексиосек“ (Hexiosec), 20 популарни апликации од секторите на социјалните мрежи, интернет-купувањето, фитнесот и паметниот дом беа ставени под лупа и испитани за да се утврди кои од „преземаат“ најмногу податоци. Набљудувани беа „Ватсап“, „Фејсбук“, „Тик-ток“, „Инстаграм“, „Амазон“, „Али-експрес“, „Ринг дорбел“ и „Страва“, коишто заедно, наводно, се преземени повеќе од 28 милијарди пати во целиот свет.
– Милиони луѓе се потпираат на овие апликации секој ден, за да им помогнат во сè – од следење на нивното здравје и фитнес до купување на интернет. Иако многу од овие апликации се чини дека се бесплатни за користење, нашето истражување покажа дека корисниците всушност плаќаат со своите податоци – честопати и со алармантно високи цени, изјави одговорното лице во „Вич“, Хари Роуз.
Истражувањето откри дека сите апликации побарале „ризични“ дозволи и дека луѓето треба да бидат повнимателни во врска со тоа на што сѐ се согласуваат.
Како одговор, „Мета“ соопшти дека „ниту една од нејзините апликации не го користи микрофонот“ за непрописно зачувување гласовни снимки од корисникот. Претставници на „Тик-ток“ изјавија дека приватноста и безбедноста се „вградени во секој производ и услуга“ што ја пласираат на пазарот, и дека нивната апликација „собира информации што корисниците избираат да ги обезбедат, заедно со податоци што поддржуваат корисни работи, како што се функционалноста на апликацијата, безбедноста и целокупното корисничко искуство.
Од „Тему“, во меѓувреме, тврдат дека прецизните дозволи за локација се користат за „поддршка на комплетирањето на адресата“, врз основа на ГПС-лоцирањето.
МИА
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
