Македонија
25. September 2025 - 14:18

Прегазена 59-годишна жена во Кисела Вода

На 24.09.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.Борис Трајковски“, пред крстосница со ул.Христо Татарчев“ во Скопје, патничко возило даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.К.(35) од Скопје, удрило во пешакот З.Т.(59) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Т., констатирани во Комплекс клиники Мајка Тереза“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.