Македонија
17. February 2026 - 16:31

Прегазени дете и тинејџер во две одделни сообраќајни несреќи

Дете на четири години и 18-годишник се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи, информираше МВР. Вчера попладне на улица во населбата Драчево скопјанец на 41 годишна возраст кој управувал џип урил во 4 годишно дете. Од ударот детето се здобило со скршеница на десната потколеница и во текот на вечерта е оперирано на Клиниката за детска хирургија.

-Во текот на вечерта направени се предоперативни подготовки и детенцето е оперирано поради скршеница на десниот долен екстремитет. После операцијата детето е стабилно и останува под опсервација ан Клиниката за детска хирургија, изјави д-р Лазо Јовчески, директор на Клиниката за детска хирургија.

Сообраќајната несреќа во која е повреден 18 годишен пешак се случила вчера утро во Пробиштип. Во него со автомобил удрил 50 годишник. По несреќата повредениот бил пренесен во локалната болница каде лекарите констатирале тешки телесни повреди.

Од МВР информираат дека и во двата случаи извршен е увид и се утврдуваат околностите под кои се случиле сообраќајките.