Loading Video...
Свет
28. November 2025 - 19:38

Преглед на вестите од светот

Бројот на загинати во пожарот што избувна во станбените облакодери „Ванг Фук Корт“ во Хонг Конг се искачи на 128 лица. 89 од пронајдените жртви сè уште не се идентификувани. 200 лица се уште се водат како исчезнати а 79 се повредени. По два дена борба пожарот е целосно изгаснат.  Причините за пожарот се уште непозанти. 

- Го изгаснавме пожарот и ја завршивме операцијата за спасување. Нашата цел сега е да се осигураме дека температурата во зградата се намалува и кога ситуацијата ќе биде прогласена за безбедна, полицијата ќе собере докази и ќе спроведе понатамошна истрага, изјави Танг за новинарите, шефот за безбедност на Хонг Конг.

Пожарникарите утврдиле дека противпожарните аларми во сите облакодери не работеле добро.  Полицијата уапси двајца директори и еден инженерски консултант на компанијата одговорна за одржување на зградите.

Агенти на украинските антикорупциски агенции утрово го претресоа домот на шефот на кабинетот на претседателот Зеленски, Андриј Јермак.

Агенциите најавија дека детали ќе објават во наредните денови. Голем корупциски скандал во енергетскиот сектор ја тресе Украина во изминатиот период, во кој  се вмешани и луѓе блиски до Зеленски, но досега не беа покренати обвиненија против Јермак, кој важи за еден од најмоќните луѓе во земјата.

Јермак е и водечки преговарач на Киев во актуелните разговори со САД за завршување на војната со Русија. На домашен план, истрагата за корупција е добредојдена, но на меѓународно ниво ја остава преговарачката позиција на Украина во потенцијално опасна состојба, велат Украинци во анкетата на Ројтерс.

Русија ја доби ажурираната мировна рамка за ставање крај на војната што ја договорија САД и Украина. „Ќе ја разгледаме следната недела“, соопшти Кремљ.

Се очекува Стив Втикоф, специјалниот пратеник на Трамп, да се сретне со Путин следната недела за да разговараат за идеи за мировно решение. Вчера попладне рускиот претседател изјави дека ќе ја запре офанзивата во Украина само ако Киев се повлече од териториите што Москва ги смета за свои, заканувајќи се дека неговата армија ќе ги заземе со сила ако не го стори тоа.

Станува збор за Крим и голем дел од Донбас. Мирот зависи од условите поставени од светот а не од заканите на Путин, возврати Зеленски. Според украинскиот претседател Русија ги отфрла напорите за вистинско завршување на војната.