Loading Video...
Свет
5. January 2026 - 12:10

Преглед на вестите од светот

Со 48-часовна блокада на целата национална патна мрежа, на споредните патишта и на клучните патни правци во Грција, како и на граничните премини, но веројатно само за камиони, в четврток и петок грчките земјоделци ги продолжуваат нивните активности по празниците, согласно одлуките што ги донесоа на повеќечасовниот состанок одржан со учество на претставници на 62 блока од целата земја.

На масовниот состанок одржан во Малгара во близина на Солун, претставниците на земјоделците одлучија дополнително интензивирање на протестите, а целта е земјата да се подели на два дела и да се запрат секакви активности на главните грчки автопатишта. Во однос на граничните премини, најавите се дека во овие 48-часа ќе постои целосна блокада за камионите, додека пак автобусите и автомобилите ќе се сообраќаат непречено.

Протестите на земјоделците траат над еден месец, започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.

Во периодот околу Божиќ и сега пред и по Нова година, земјоделците привремено ги тргнаа блокадите за да го олеснат патувањето на граѓаните за време на празниците.

Лидерите на Данска и Гренланд во текот на вчерашниот ден го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да престане да се заканува дека ќе го преземе Гренланд, откако тој ја повтори својата желба да го стори тоа во интервју за списанието „Атлантик“. Трамп изјави за списанието: „Ни треба Гренланд, апсолутно. Ни треба за одбрана“. Ова предизвика загриженост во Данска дека истото може да се случи и со Гренланд, данска територија.

Стратешката позиција на арктичкиот остров помеѓу Европа и Северна Америка го прави клучно место за американскиот систем за балистичка ракетна одбрана, додека неговото минерално богатство е привлечно бидејќи САД се надеваат дека ќе ја намалат зависноста од кинескиот извоз.

Гренланд, поранешна данска колонија, има право да прогласи независност според договорот од 2009 година, но во голема мера зависи од данските субвенции.