Преглед на вестите од светот
Рускиот православен патријарх Кирил ја предводеше божикната литургија во во московскиот храм „Христос Спасител“, додека пак Рускиот претседател Владимир Путин одлучи да присуствува на божикната литургија во храмот „Свети Ѓорѓи“ во Московската област, каде што беше опкружен со припадници на руската војска кои служеле во конфликтот со Украина и нивните семејства. Кремљ објави на Телеграм честитка од Путин, во која тој на сите што го слават православниот Божик, им посакува „здравје, успех и сè најдобро“.
Вршителка на должност претседател на Венецуела, Делси Родригез, прогласи седумдневна жалост за припадниците на војската убиени во американскиот напад за време на викендот за апсење на лидерот Николас Мадуро. Околу дваесетина венецуелски офицери беа убиени во нападот, според јужноамериканската влада.
Кубанската влада во неделата соопшти дека 32 нејзини воени и полициски офицери кои работат во Венецуела, исто така, биле убиени и прогласи дводневна жалост. Родригез објави активирање на Висока команда за агро-прехранбена, индустриска и комунална индустрија за заштита на производствениот апарат на нацијата по нападот на САД и апсењето на Николас Мадуро.
Руското Министерство за надворешни работи го поздрави назначувањето на Делси Родригез за привремен претседател на Венецуела, додавајќи дека латиноамериканската земја треба сама да одлучи за својата судбина без странско мешање. Постојано инсистираме на деескалација и решавање на сите постојни проблеми преку конструктивен дијалог и почитување на меѓународните правни норми, првенствено на Повелбата на ОН“, се додава во соопштението.
Венецуелската опозициска лидерка и добитничка на Нобелова награда за мир, Марија Корина Мачадо, изјави дека ќе се врати во Венецуела што е можно поскоро, по апсењето на претседателот Николас Мадуро.
Мачадо – е позната како најдоверливиот противник на сега соборениот венецуелски претседател Николас Мадуро. Таа ја напушти Венецуела минатиот месец за да отпатува во Норвешка за да ја прими наградата и оттогаш не се вратила. Интервјуто беше првото на Мачадо откако САД започнаа напади врз Венецуела во саботата и го заробија претседателот Мадуро.
Таа ги поздрави акциите на САД како „огромен чекор за човештвото, за слободата и човечкото достоинство“. Мачадо не откри каде се наоѓа и остро ја критикуваше Делси Родригез, иако таа изрази подготвеност да соработува со Вашингтон, но Мачадо рече дека таа е „отфрлена“ од Венецуелците.
„На слободни и фер избори, ќе победиме со над 90 отсто од гласовите, немам сомнение во тоа“, рече опозициската лидерка.
Лидерите на седум европски земји во вторник потврдија дека Гренланд „им припаѓа на своите граѓани“, нагласувајќи дека прашањата што се однесуваат на Данска и Гренланд мора да ги решат единствено Данска и Гренланд, според заедничкото соопштение.
Лидерите нагласија дека безбедноста на Арктикот останува клучен приоритет за Европа и е клучна за меѓународната и трансатлантската безбедност. Тие забележаа дека НАТО јасно стави до знаење дека арктичкиот регион е приоритет и дека европските сојузници го зголемуваат своето присуство таму.
Во соопштението се наведува дека Кралството Данска, вклучувајќи го и Гренланд, е дел од НАТО и се вели дека безбедноста на Арктикот мора да се постигне колективно со сојузниците на НАТО, вклучувајќи ги и САД, преку почитување на принципите на Повелбата на ОН, вклучувајќи го суверенитетот, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
