Loading Video...
Свет
28. January 2024 - 16:31

Преглед на вестите од светот

Скандал ја тресе агенцијата за палестинските бегалци УНРВА при Обединетите нации. 8 од најголемите донатори на УНРВА се повлекоа од финансирање по сомнежот дека лица од агенцијата пренасочувале средства за да го финансираат нападот на групата Хамас врз Израел.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е згрозен од веста дека секој вработен во ОН вклучен во терористичките акти ќе биде кривично гонет. ОН презема брза акција по сериозните обвинувања изјави Гутереш.

– Од 12-те лица вклучени во тој напад, кој резултираше со израелската воена операција во Појасот Газа, на деветмина од нив им е раскинат договорот, за еден е потврдено дека е мртов, а идентитетот на останатите двајца сé уште се утврдува.

ВО меѓувреме 2 милиони цивили во Газа зависат од помошта на оваа агенција

- Иако ја разбирам нивната загриженост - и самиот бев ужаснат од овие обвинувања - силно апелирам до владите кои ги суспендираа нивните придонеси за, барем, да го гарантираат континуитетот на операциите на UNRWA. Одвратните наводни дела на овие членови на персоналот мора да имаат последици. Но, десетици илјади мажи и жени кои работат за UNRWA, многумина во некои од најопасните ситуации за хуманитарните работници, не треба да бидат казнети. Мора да се задоволат огромните потреби на очајното население на кое им служат“.

Земјите кои сега го суспендираа финансирањето на УНРВА се Австралија, Канада, Финска, Германија, Италија, Холандија, Велика Британинја и САД.

Најмлаку 165 Палестинци загинаа во израелските напади во текот на изминатиот ден. 290 луѓе се ранети во блокираниот појас газа. Од почетокот на војната до денес убиени се 26 422 палестинци а над 65 000 се ранети. Екипите не се во можност да вршат операции за пребарување под урнатините што укажува дека можеби бројот на жртви е многу поголем. Палестинците се собраа околу членовите на нивните семејства кои беа убиени во текот на ноќта во Кан Јунис.

 Во меѓувреме десничарските израелски демонстранти, заедно со некои семејства на заложниците, одржаа протести на израелската страна на преминот Керем Шалом во неделата во обид да го блокираат преминот на камиони со помош во Појасот Газа.

Утре почнува судењето на родителите на Коста Кецмановиќ  кој уби девет ученици и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Судењето на векот е закажано за 11 часот, а на него ќе се појават и мајката и таткото кој ќе биде изведен пред суд од притвор. Ќе се чита обвинението кое Вишото јавно обвинителство го поднесе на 10 октомври 2023 година. Обвинителството ги товари родителите на момчето убиец како и сопственикот и инструкторот на стрелачкиот клуб „Партизан“, каде Коста практикувал да пука во подвижни цели.

Покрај оваа кривична постапка за случајот се водат и две граѓански во кои семејствата на жртвите барат од семејството Кецмановиќ, училиштето и државата оштета за претрпена душевна болка. За разлика од кривичната во која момчето не е обвинето бидејќи во моментот на масакрот немал полни 14 години во овие граѓански парници го тужат и него лично. Коста К од масакрот до денес е на клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади во Белград.

Во вооружен напад во католичка црква во Истанбул усмртено е едно лице. Пукањето се случило за време на неделната богослужба кога две маскирани лица влегле во дворот на црквата и почнале да пукаат. Напаѓачите по инцидентот побегнале пеш од црквата. Полицијата извести дека животот го загубил маж на 52 годишна возраст. Се трага по маскираните напаѓачи.

Еко активистки удрија по врвното уметничко дело на Леонардо да Винчи. Среде музејот  Лувр фрлија супа врз сликата на Мона Лиза. Сликата не е оштетена благодарение на заштитното стакло а чуварите во музејот веднаш го прикрија инцидентот кој ги шокираше посетителите. Инцидентот го предизвикаа активистки за промовирање на правото на здрава и одржлива храна. Ваква слична акција направија активистите и во мај минатата година, тогаш врз сликата на Мона Лиза испрскаа со шлаг за торта.