Loading Video...
Свет
1. February 2024 - 16:34

Преглед на вестите од светот

Помошта од 50 милјарди евра за Украина доби зелено светло од ЕУ. Лидерите на европските држави постигнале договор на  специјален Самит на Унијата, на кој се расправаше за усвојување на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ за периодот 2021–2027 година. Во најголем дел средствата се однесуваат на помош за Украина. Неизвесно беше дали и овој пакет помош  ќе биде исплатен со оглед на негодувањата од страна на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Имаме договор! Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно и предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина, знаеме што е во прашање“ нашиша претседателот на ЕС Шарл Мишел.

Дипломатски извори за новинската агенција Ројтерс изјавија дека новиот договор вклучува годишна дискусија за пакетот и опција тој да се разгледа за две години, „ако е потребно“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по постигнувањето на договорот, рече дека денешниот ден е „добар ден за Европа“.

Договорот за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ, која во најголем дел вклучува обезбедување средствата за помош за Украина, ќе ги овозможи легитимитетот, кредибилитетот и предвидливоста кои се очекуваат од нас

Пред да ја донесат одлуката, европските лидери остро го критикуваа однесувањето на унгарскиот премиер Орбан, кој планирал да ја блокира помошта како што го стори тоа на самитот пред нова година.

Пред седиштето на ЕУ каде се одржуваше состанокот на лидерите, надвор протестираа илјадници земјоделци.  Револтирани  фрлаа со јајца, палеа оган во близина на зградата. Ги блокираа сите главни улици во Брисел со поставување над 1000 трактори.

Со транспаренти им порачаа на лидерите на унијата, нема земјоделци, нема храна, ако ја сакаш земјата, поддржи ги оние кои управуваат со неа.

Земјоделците велат дека не се доволно платени,  задушени се од даноците и зелените правила и се соочуваат со нелојална конкуренција од странство.

Во Франција, протестите траат со недели владата се откажа од плановите за постепено намалување на субвенциите за земјоделскиот дизел и вети поголема помош. За нив тоа не е доволно, па протестите се проширија и во земји како Белгија, Италија, Шпанија,Грција и Португалија. Овие протести се во пресрет на изборите за Европски парламент кои треба да се одржат во јуни.

 Во Косово се усвои нова регулатива, од денеска динарите веќе не се во употреба. Од први февруари единствена валута прифатена за готовински плаќања или трансакции во Косово е еврото, стои во одредбата на регултивата. Оваа одлука ја загрижува ЕУ, која стравува од нови меѓуетнички тензии. Беа повикани  да обезбедат „доволно долг преоден период за спроведување на регулативата и да најдат  решение за прашањето во рамките на дијалогот што го води Брисел“

Иако Косово го усвои еврото во 2002г, со години ја толерираше употребата на српскиот динар. Околу 120.000 Срби кои живеат таму, платите и  пензиите ги примаа во динари. Западните влади бараат забраната да биде суспендирана. Во меѓувреме, Србија размислува да го врати задолжителниот воен рок, а министерот за одбрана денеска изјави дека тоа не е поврзано со проблемите на Косово.