Преглед на вестите од светот
САД би можеле лда ја завршат воената операција Епски Бес во Иран во рок од две до три недели, изјави Доналд ТРамп. За Ормутскиот теснец, кој Иран го блокираше, американскиот претседател рече дека повеќе не е негов проблем. За вечерва најви вонредно обраќање до нацијата.
ИЗјавата Трамп ја даде, по изјавата на неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан дека Иран е подготвен да престане да се бори доколку добие гаранции дека овој конфликт нема повторно да се разговори. Цените на нафтата на светски берзи паднаа под 100 долари за барел по коментарите од претседателите на САД и Иран. Израелскиот премиер пак порача дека Иран повеќе не претставува егзистенцијална закана за Изарел а во наредните денови изарелската војска целосно ке ја уништи воената индсутрија на Иран. Нападите помеѓу Израел и Иран продолжуваат, А Иран ги напаѓа и своите соседи од Заливот.
Спасувачките екипи со часови извелкуваат нелегални мигранти од непристапен мочурлив дел од реката Сава на подрачјето помеѓу Штитар и Бабина Греда во Хрватска. Досега се спасени 30 мигранти, дел од нив се хоспитализирани поради тешка хипотермија. Спасувачката операција почнала кратко откако Полициската управа Вуковар – Срем во 1 часост и 40 минути по полноќ примила повик за потреба на спасување на повеке лица од водите на Сава. Спасувачките затекалнале лица кои се засолнлае на гранки од дрвја за да избегнат давање во надојдените води. Во акцијата учестуваат 120 припадници на оперативните служби.
Итната помош и полицијата. МЕстото се пребарува и со дронови со термални камери и хеликоптер. . Меѓу спасените се идентификувани државјани на Бангалдеш, Индија, Пакистан и Авганистан. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека не е познато колку луѓе имало на бродот кој од засега непознати причини се превтрел во мочурливата област.. Тој предупреди дека ваквите инциденти стануваат се почести во водите на реката Сава, стартешка но смртносона точка на патот кон ЕУ, особено во периоди на висок водостој.
Доналд Трамп во интервју за британскиот весник „Дејли телеграф“ изјави дека сериозно ја разгледува можноста за повлекување на САД од НАТО. Како главна причина за ваквиот чекор Трамп го наведе одбивањето на сојузниците во алијансата да ги поддржат САД во заедничката војна со Израел против Иран. Тој повторно ја нарече организацијата „тигар од хартија“.тензиите ескалираа откога сојузниците го одбија барањето на Трамп за испраќање воени бродови за да се овозможи отворање на ормуската теснина, која беше блокирана од Иран како одговор на израелско-американската воена кампања почната на 28 февруари годинава.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
