Loading Video...
Свет
5. April 2026 - 16:47

Преглед на вестите од светот

Војската на САД успеа да го спаси и вториот член на  екипаѓот на борбениот авион Ф15 кој беше соборен над територијата на Иран, објави Трамп порачувајќи дека никогаш нема да остават ниту еден свој пилот зад непријателските линии. САД  ја извршија  „една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата на САД.

-По моја наредба, војската испрати десетици авиони, вооружени со најсмртоносносто оружжје во светот, за да го извлечат. Тој е повреден, но ке биде добро. Го спасивме длабоко во планините на Иран. Иранската војска бараше внимателно, во голем број, и се приближуваше, напиша американскиот претседател на Трут соушл.

Техеран ја негира изјавата на Трамп.

-Мисијата не успеа. Наиде на силен отпор од нашата војска и притоа уништуваме неколку непријателски воени летала, изјави портпаролот на војската на Иран.

„Таканаречената спасувачка операција на американската армија, која беше планирана под маската на итна операција за ослободување и бегство под изговор за спасување на пилотот на нејзиниот соборен авион на напуштен аеродром во јужен Исфахан, заврши со целосен неуспех со навременото присуство на вооружените сили на Исламската Република Иран.

Воените дејствија продолужуваат на Блискиот Исток. Во фокусот на Изарел - иранските претрохемиски фабрики.

-Ви ветив дека ќе продолжиме да го уништуваме терористичкиот режим во Техеран, и токму тоа го правиме. Откако уништивме 70% од нивниот производствен капацитет за челик, кој служи како суровина за нивното оружје, денес ги нападнавме петрохемиските фабрики, изјави Бенјамин Нетањаху, премиер на Израел.

Техеран возврати со напади врз Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, насочени не само само кон американски воени цели, туку и кон владини згради и нафтени посртојки.

Американскиот претседател во меѓувреме се закани дека ќе ги нападне електраните и мостовите во Иран во вторник, доколку Техеран не го отвори Ормутскиот теснец.

Експлозив со голема разорна моќ бил пронајден на северот на Војводина во близина на гасоводот Балкански тек што ги поврзува Србија и Унгарија објави утрово српскиот претседтаел Вучиќ. Покрај експлозивот, српските безбедносни сили пронашле и детонари за негово активирање. Повеке детали Вучиќ не откри.

-На неколку стотини метри од турскиот гасовод Јужен тек или Балкански тек, пронајдени се два ранци, два големи пакети експлозиви со фитили. Имаме и некои други траги, а истрагата е во тек. Штотуку завршив со разговорот со Виктор Орбан и го информирав (за ова), бидејќи ако гасоводот беше прекинат таму, Унгарија немаше да има гас, а и ние во северна Србија немаше да имаме гас, исто , изјави Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Шефот на унгарската диплоамтија Сијарто изјавија дека премиерот Орбан за попладенво свикал воредна средница на Советот за одбрана.

-Овој гасовод е клучен за обезбедување безбедно снабдување со природен гас на Унгарија. Српските колеги пронајдоа експлозиви покрај гасоводот Турски тек кои беа способни и доволни да го дигнат во воздух. Одлучно го отфрламе овој последен напад врз нашиот суверенитет, бидејќи нападот врз безбедноста на нашето снабдување со енергија не може да се толкува како ништо друго освен како напад врз нашиот суверенитет, изјави Петер Сијарто, министер за надворешни работи на Унгарија.