Преглед на вестите од светот
Унгарија донесе одлука за воена заштита на својот дел од гасоводот Турски тек откако Србија вчера објави дека пронашла експлозиви во близина на својот дел од гасоводот, во близина на унгарската граница.
Директорот на Агенцијата за воена безбедност на Србија соопшти дека службата претходно имала информации дека лице од група мигранти, кое е воено обучено ќе се обиде да ја саботира гасната инфраструктура а за пронајдените експлозиви рече дека се призведени во САД. Овој гасовод е поврзан со мрежата што транспортира руски гас до Труција, а потоа до Централна Европа.
-Србите ја зајакнаа заштитата на гасоводот. Работата на овој гасовод е од витално значење за Унгарија. Преку него добиваме 60 % од потрошувачката на гас на Унгарија. Затоа, наредивме засилена воена инспекција и заштита на унгарскиот дел од гасоводот. Српските власти истражуваат, а унгарските власти се во постојан конктакт со нив, изјави Виктор Орбан, премиер на Унгарија.
Лидерот на унгарската опозицији, Петер Маѓар го обвини Орбан дека со Вучиќ го исценирал инцидентот, за да предизвика паника кај унгарскиот народ и да ги одложи или откаже парламентарните избори закажани за идниот викенд.
Партијата на Орабн, Фидес многу заостанува во анкетите зад Тиса предводена од Маѓар.
Иран и Соединетите Држави доцна синоќа добиле план за завршување на војната, објави Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор запознаен со предлогот. Според предлогот подготвен од Пакистан, прекинот на огнот би стапил во сила веднаш, со што повторно ќе се отвори Ормусткиот теснец за меѓународниот поморски сообракај а во следените 15-20 дена би се финализирал поширок договор.
Исламската република одбива да го одблокира Тенсецот во замена за прекин на огнот. Бара траен прекин на на огнот со гаранции дека нема повторно да бидат нападнати од САД и Израел. Трамп се закани дека во Иран нема да остане ниту една електрична централа и ниту еден мост, ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец за помороски транспорт до среда, два часот по полноќ.
Војната трае веќе шест недели. Израелските власти соопштија дека во во воздушните напади врз Техеран раното утрово, го ликвидирале шефот на разизнавачкаат служба на Исламската револуционерна гарда. Иран лансира ракети и дронови кон Израел, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.
Четирите астронаути од мисијата Артемис 2 влегоа до доменот на гравитационото поле на Месечината. Следаната цел на екипажот е целосна обиколка на Месечината.
-Би сакале да споделиме дека забележавме дека влеговме во лунарната сфера на влијание. И секако, сега паѓаме на Месечината. И дефинитивно Месечината е убедливо поголема од Земјата, изјави Кристина Кох, дел од екипажот на Артемис 2.
НАСА очекува дека за време на поминувањто околу Месечината екипажпт да го сруши рекордот за најголемото растојание од Земјата некогаш постигнато од луѓето.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар
