Loading Video...
Свет
7. April 2026 - 16:35

Преглед на вестите од светот

Американските сили  наапднаа  воени  бункери, и системи  за воздушна одбрана на  островот Харг, главен центар за извоз на нафта во Иран додека Израел  почна да напаѓа железнички мостови во Иран. Претходно Израелската   војска   испрати предупредување до иранскиот народ да не патува со воз денеска.

Иран, возврати со напади врз Тел Авив, но и  лансираше ракети и дронови кон Саудиска Арабија, предизвикувајќи огромен пожар во Ал Џубаил, најголемиот индустриски комплекс во земјата.  Вечерва светот  ќе биде сведок на еден од најважните моменти во својата историја, кој би можел да значи крај на една цела цивилизација, но и потенцијален почеток на нова ера за Иран .  Предупредувањето ТРамп го објави преку  Трут соушил/

„Цела цивилизација ќе умре вечерва, никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи. Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, КОЈ ЗНАЕ? Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнуда, корупција и смрт, конечно ќе завршат. Бог да ги благослови големите луѓе на Иран!“

Рокот  што американскиот претседател му го даде на Иран за  итно запирање на сите воени активности и деблокада на Ормуската Тесниец  истекува  вечерва  во  20:00 часот по локално време во Вашингтон, што според македонско време е среда наутро, во 02:00 часот. Иранскаат восјка возврати-нема да се покориме на  американскиот ултиматум.  Ако САД ги преминат црвените линии, ќе ги прошириме нападите надвор од регионот

-Грубата реторика, ароганцијата и неоснованите закани на заблудениот американски претседател, кои произлегуваат од ќорсокакот со кој се соочува и имаат за цел да ги оправдаат повторените порази на американската војска, нема да имаат никакво влијание врз продолжувањето на офанзивните и уништувачките операции на борците на исламот против американските и израелските непријатели и нема да го поправат понижувањето на САД во Западна Азија. Со помош на Семоќниот Бог, секоја акција што ќе ја преземете ќе додаде уште еден пораз на вашите претходни порази.“ ЕБРАХИМ ЗОЛФАКАРИ

Земјите посреденици  Пакистан, Египет и Турција, контакриараат со  Специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, , обидувајќи се да најдат компромис пред истекот на ултиматумот.