Преглед на вестите од светот
Министерството за надворешни работи на Иран утрово издаде соопштение во кое остро ја осудува серијата американски напади извршени врз Иран во текот на изминатите 24 часа. Во соопштението се предупредува дека нападите претставуваат сериозна закана за меѓународниот мир и безбедност и ги поништуваат неодамнешните напори насочени кон ублажување на тензиите и промовирање на регионалната стабилност. Иран, исто така, ги обвини САД за кршење на меморандумот за разбирање потпишан меѓу двете земји пред само 25 дена, велејќи дека американската влада отворено го прекршила договорот. Според соопштението, американските сили ја нападнале транспортната инфраструктура на Иран, рибарските и товарните бродови, метеоролошките објекти и други згради и извршиле сериозни воени злосторства.
Американските сили завршија уште еден бран напади врз Иран во неделата погодувајќи десетици цели на повеќе локации со прецизна муниција. соопшти Централната команда на САД. Иранските медиуми објавија во неделата дека имало ракетни напади и експлозии околу воени објекти на теснецот. Иран подоцна возврати со таргетирање на американските бази и објекти низ Заливот, а иранските медиуми објавија дека нападите биле насочени кон американските воени објекти во Кувајт, Бахреин и Катар. Иран во неделата инсистираше дека Ормускиот теснец е затворен, наведувајќи ја воената активност на САД, додека Централната команда на САД го отфрли тврдењето, тврдејќи дека стратешкиот воден пат останува отворен и дека пловидбата продолжува и покрај зголемените тензии.
Новите борби во Заливот денеска на берзите во Азија предизвикаа пораст на цените на нафтата и повторно разгорување на инфлациски ризици на глобално ниво.
Најмалку 27 лица загинаа во пожар во паб во Бангкок, изјавија премиерот на Тајланд во еден од најсмртоносните вакви инциденти во туристичкиот центар во последните години. Премиерот Анутин Чарнвиракул, кој го посети местото на пожарот во раните утрински часови во понеделник, им рече на новинарите дека врз основа на исказите на преживеаните, пабот брзо се наполнил со чад откако избувнал пожар, принудувајќи многумина да трчаат кон задниот дел од местото во близина на тоалетите, но немало противпожарни излези.
Летото е период кога има се поголем број пожари на отворено. Пожарникарите во Шпанија работеа на ставање под контрола на шумски пожар во близина на градот Алмокаизар, откако смртоносни пожари ја зафатија јужна Шпанија. Пожарот се засеше и од воздух, некои жители и беа евакуирани. Шумски пожар што избувна јужно од Париз и се прошири во шумата Фонтенбло во неделата што ги натера властите да го затворат автопатот во двата правци, а пожарникарите работеа на контролирање на пожарот, според Франсинфо. Околу 100 пожарникари биле распоредени од двете страни на автопатот, поддржани од два тешки хеликоптери и авион за водени бомби.
-

Марјан Ников
Сите содржини од овој новинар
