Loading Video...
Свет
1. October 2026 - 12:19

Преглед на вестите од светот

Резервниот авион што превезуваше патници од пренасочен лет од Дубаи до Тел Авив слета на израелскиот меѓународен аеродром „Бен Гурион“, додека оригиналниот лет беше пренасочен кон Саудиска Арабија по сигнал за вонредна состојба.

Израелските власти изјавија дека копилотот на авионот се обидел да го сруши авионот откако го избодел пилотот, но патниците го совладале додека другите пилоти безбедно го спуштиле авионот во Саудиска Арабија, откако претходно осум часа минаа на земја.

Опишувајќи го настанот како „многу сериозен безбедносен инцидент“, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека саудиските власти ќе го испрашаат копилотот на летот на кој имало повеќе од 170 Израелци.

Авиокомпанијата во соопштението изјави дека основните причини за настанот остануваат непознати и предупреди на „прерани шпекулации“.

-Копилотот, кого израелски функционер го идентификуваше како државјанин на Оман, беше уапсен откако авионот слета, изјави Нетанјаху.

Израелското Министерство за транспорт соопшти дека ќе има заедничка истрага за инцидентот со одбранбениот систем. Нетанјаху исто така, нареди засилени безбедносни мерки. Тој го пофали капетанот на „Флајдубаи“ Смит Мачар во објава на социјалните мрежи во нарекувајќи го „вистински херој“ за неговите постапки за време на инцидентот со прободување на летот од Дубаи до Тел Авив.

Флајдубаи во соопштението објави дека ги суспендира летовите до и од Израел по инцидентот. Инцидентот ги заостри загриженостите за глобалната безбедност во воздухопловството во регион обележан со години конфликт, што го натера Израел да ги заостри контролите врз пилотите што летаат во земјата.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на средба со новинарите изјави дека води разговори за забрана на извозот на дизел. Тој рече дека забраната за извоз „ќе има негативно влијание врз цените на бензинот“, но би можела да ги намали трошоците за дизел. Според него војната меѓу Украина и Русија, влија на производството и извозот на енергија.

„Знаете, дизелот е навистина многу повреден не од Блискиот Исток, туку од она што се случува во Русија, бидејќи тие рафинерии за дизел се гасат со прилично алармантна брзина. И ако тоа не се случеше, немаше да имаме проблем со дизелот. Она што се случи во Русија со Украина беше навистина најголемиот проблем за дизелот.“