Loading Video...
Свет
1. October 2026 - 17:04

Преглед на вестите од светот

Патниците на летот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, кој изврши итно слетување во Саудиска Арабија по драматичната сцена во пилотската кабина, пристигнаа во Израел со заменски лет. На аердодромот  Бен Гурион ги пречека премиерот Нетањаху, кој изјави дека сеуште не е јасно што го потикнало инцидентот во кабината во кој копилотот, државјанин на Оман го наапдна и го повреди  главниот пилот, индиски државјани со намера да го урне авионот.

Херои на летот се главниот пилот кој и покрај сериосните повреди успеал да ја отвори пилотската кабина и членовите на екипажот и патниците кои го совладаа напагачот истакана Нетањаху.

„Па, видете, за време на летот од Дубаи кон Израел, додека се приближуваа кон Израел, дојде до напад од едниот пилот врз другиот. Како што изгеда,  го избодел со нож или го удрил со секира. Тој обилно крварел. Авионот почнал да излегува од контрола и да паѓа со носот надолу. Сега постоеше можност за уште еден напад како оној од 11 септември, изјави Бенјамин Нетањаху, прмеиер на Изарел. 

- Пилотите беа на своите седишта – едниот беше наведнат долу, а другиот ги следеше инструментите – и уште едно лице влезе со мене; го фатив напаѓачот, го стегнав околу вратот и го извлеков надвор, изјави Јанив Хајун, еден од патниците кои интервенираа.

Двајца пилоти кои патувале како обични патници успеале безбедно да го приземјата авионот на аеродромот Табук. Во летало имало 174 луѓе, претежно израелски државјани. Саудиските власти веднаш го приведоа копилотот додека повредениот капетан е хоспитализиран. Покрај саудиските и изрелските истражни органи во истрагата учестуваат и Обединетите арапски Емирати и Оман.

Руски дрон утрово директно удри во училиштето во главниот град на Украина, Киев, предизвикувајќи  материјална штета и пожар  изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во моментот на напдот, сите деца и наставници веќе биле евакуираниа во училишното засолништето поради претходно активираниот аларм за воздушен напад поради што избегнати се жртви соопшти градоначалникот. Руското министерство за одбрана извести дека утрово извршило   напади насочени кон пристанишната инфраструктура во Одеса, но не спомена дека   руските  сили нападнале училиште во Киев.