Преглед на вестите од светот
Се зголемува насилството на улиците во Франција. Демонстрантите палат автомобили, угостителски објкети, а има и масовни кражби во продавници за луксузна облека. Според организаторите на протестите, на улиците низ Франција вчера излегле повеќе од 800 000 демонстранти. Протестите почнаа пред еден месец во средните училишта поради лошите услови, но сега со нив се бара подобар животен стандард во Франција.
За разбивање на толпата, полицијата употребува солзавец и водени топови, а само вчера уапсени биле 1.800 лица. Во немирите пак досега повреди биле 500 полицијаци, но нема податоци за бројот на повредени демонстранти. Предизвикана е и голема материјална штета.
Украинските сили ноќеска со дронови го нападнаа Санкт Петербург, при што биле погодени нафтен терминал, дата-центар и мост. Според локалните власти, руската противоздушна одбрана соборила 57 беспилотни летала, додека украинските служби наведуваат дека цели им биле пристанишна инфраструктура, нафтени танкери и центар за податоци. Нападот почнал во 3 часот наутро.
Санкт Петербург и претходно бил цел на украински дронови, а истиот нафтен терминал бил оштетен и во напад на 4 јули. Во меѓувреме, украинските напади врз објекти длабоко во Русија продолжуваат, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај и оштетувања на инфраструктурата, вклучително и во московскиот регион.
Најмалку седуммина загинати и десетици повредени е билансот од пожар кој избувнал во близина на канадска воена база во поровинцијата Алберта. Канадските медиуми, повикувајќи се на неименувани извори, објавуваат дека пожарот настанал за време на воена вежба со боева муниција при што погоден бил гасовод. Министерот за одбрана на Канада, не ја потврдил причината за пожарот, ниту, пак, бројот на жртвите, но ситуацијата ја опишал како многу деликатна.
Инаку базата важи за една од главните канадски воени бази за вежби со боева муниција во кој вообичаено престојуваат околу 700 војници и уште 300 цивилни работници.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
