Преглед на вестите од светот
Израелците кои протестираа во близина на американската амбасада во Тел Авив во понеделникот изјавија дека се разочарани откако израелската војска соопшти дека уште четворица израелски заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври умреле во заробеништво и дека нивните тела ги држи палестинската исламистичка група.
Само што добивме ужасна вест. Тоа е луда ситуација што ја броиме секој ден, уште еден ден и уште еден ден, а потоа бројот на заложниците само се намалува, а не затоа што се враќаат во Израел. Причината е затоа што тие се мртви, а ние само добиваме повеќе ковчези со мртви луѓе наместо да ги вратиме живи.
Сите четворица се снимени живи во заложнички видеа објавени од Хамас. Хамас соопшти дека еден од заложниците починал од раните здобиени за време на израелскиот воздушен напад кога го објавил своето видео минатиот месец.
Демонстрантите бараа договор за прекин на огнот откако американскиот претседател Џо Бајден рече дека има нова понуда од Израел за ослободување на заложниците во замена за прекин на огнот во Газа.
Европската Унија и го честита „историскиот избор“ на Клаудија Шејнбаум за прва жена претседател на Мексико и ја поздравува силната приврзаност на мексиканскиот народ кон демократијата демонстрирана во текот на кампањата и на денот на општите избори во земјата, порача високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во честитката упатена до новоизбраната мексиканска претседателка.
Клаудија Шејнбаум извојува убедлива победа и стана првата жена претседател на Мексико,
Шејнбаум, климатски научник и поранешен градоначалник на Мексико Сити, го освои претседателството со меѓу 58,3 и 60,7 отсто од гласовите, тоа е највисокиот процент на гласови во демократската историја на Мексико.
Јужна Кореја ги обновува воените активности на границата со Северна Кореја првпат од 2018 година. Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека ќе продолжи со воената активност во близина на линијата за демаркација на границата со Северна Кореја и на нејзините северозападни острови, по вчерашната одлука за суспендирање на воениот договор со Пјонгјанг од 2018 година.
За суспендирањето на договорот од министерството за одбрана велат дека е одговорен „севернокорејскиот режим“, откако минатата недела Северна Кореа преку граница испрати околу 1.000 балони полни со ѓубре. Јужна Кореја во неделата соопшти дека наскоро ќе преземе големи одмазднички чекори, а Северна Кореја потоа соопшти дека привремено ќе го прекине испраќањето балони.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар