Loading Video...
Свет
11. December 2023 - 12:16

Преглед на вестите од светот

Најмалку 17 лица се повредени во железничка несреќа во Италија. Два воза се судрија вчера вечерта во близина на италијанскиот град Фаенца. Несреќата се случила околу 20 часот вчеравечер,  на дел од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северниот италијански регион Емилија-Ромања. Пожарникарите се уште се на местото на несреќата и работат на обезбедување на патеката. Причината за несреќата на почетокот не беше јасна.

Според првичната реконструкција, двата воза се движеле во правец на север,  тие не се судриле директно, туку еден воз удрил во друг одзади.

Израелскиот премиер Нетанјаху ги повика борците на Хамас да се предадат доколку сакаат да останат живи. Според израелската влада, во изминативе денови, десетици борци на палестринската организација го положиле оружјето и им се предале на израелските безбедносни сили.

„Ќе биде потребно повеќе време, војната се уште е во полна сила, но ова е почеток на крајот на Хамас“ изјави Нетанјаху.

Од Хамас пак се заканија дека ниту еден од заложниците нема да излезе од Газа се додека не се исполнат нивните барања. Во меѓувреме, катарската влада, која делува како посредник меѓу двете завојувани страни, предупредува дека шансите за ново примирје меѓу Израел и Хамас се повеќе се намалуваат.

Украина рано утринава собори осум руски ракети насочени кон Киев, соопшти украинската армија.

Локалните власти информираат дека спасувачките служби спасиле неколкумина повредени.

Украинската противвоздушна одбрана објави и дека во текот на ноќта соборила 18 беспилотни летала „Шахед“, лансирани од Русија од полуостровот Крим, од кои повеќето биле насочени кон јужниот регион Миколаев.

„Според првите информации, околу четири часот Русија започнала ракетен напад врз регионот на Киев“, се вели во соопштението.