Прекината наставата во училиштата во Израел, се преминува на онлајн настава

Израелското Министерство за образование соопшти дека се прекинува наставата во училиштата во државата денеска и утре по синоќешните ирански напади врз градовите Димона и Арад.
Министерот за образование, Јоав Киш, изјави дека наставата во сите образовни институции, вклучително и специјалното образование, се откажува во консултација со Командата за цивилна заштита.
„Наставата ќе се организира исклучиво од далечина низ целата земја, вклучително и областите каде што претходно имаше ублажени мерки“, додаде израелскиот министер.
Како што изјави тој, нови проценки на ситуацијата се очекуваат до вторник, кога ќе бидат донесени дополнителни одлуки.
Иран синоќа нападна две населби во близина на главниот нуклеарен истражувачки центар на Израел, Арад и Димона, при што беа повредени повеќе од 100 лица, од кои 11 потешко, неколку часа откако беше погоден и главниот ирански објект за збогатување ураниум во Натанз.
Ново на Сител
-

Иран се заканува со минирање на Персискиот Залив
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
-

ВМРО-ДПМНЕ: ДДВ за горивата се намалува на 10%, граѓаните заштедуваат 1,5 милиони евра неделно
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
