Прекината седницата на црногорскиот Парламент, на која требаше да се гласа за смена на Ѓуровиќ
Пратениците во црногорскиот Парламент денеска нема да гласаат за смена на претседателката на Собранието, Даниjела Ѓуровиќ откако парламентарното мнозинство од трите коалиции предводени од Демократскиот фронт, Демократите и Граѓанското движење УРА денеска потпишаа политички договор со кој се обврзаа да формираат нова влада на Црна Гора во следните 15 дена.
Денешниот состанок на мнозинството составено од коалицијата на прорускиот Демократски фронт, партијата Демократска Црна Гора на Алекса Бечиќ и Граѓанското движење УРА на Дритан Абазовиќ се одржа откако парламентот на 19 август и изгласа недоверба на владата на Абазовиќ, што беше поддржана од Демократската партија на Социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ.
Договорот за целите на обновената сојуз, што денеска беше потпишан го предложи Демократски фронт. Како цели се наведени: демонтирање на поранешниот режим на Демократската партија на социјалистите, борба против корупцијата и организираниот криминал на сите нивоа, спроведување реформи за вонредни парламентарни избори, економските реформи, пополнувањето позиции во судството, посветеноста на евроинтеграциите, почитување на сите меѓународни обврски и ставање мораториум на сите идентитетски прашања кои го делат општеството.
Во потпишаниот документ, меѓу другото, се нагласува дека ниту една структура, која не го формира парламентарното мнозинство од изборите во 2020 година, не може да биде вклучена во меѓусебните договори.
Ново на Сител
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
